Top Sport

(ВИДЕО) Неверојатно, но вистинито: Мекгрегор ја нокаутира маскотата на Мајами

Конор Мекгрегор е опасен по живот дури и кога треба да биде гостин на кошаркарски натпревар. Големата УФЦ ѕвезда дојде на четвртиот меч од финалната серија во НБА лигата меѓу Мајами и Денвер и ја нокаутира маскотата на „жешките“.

Искусниот борец требаше да промовира спреј против болки, но премногу сериозно се потруди да му нанесе болка на маскотата Барни. Со два удари го нокаутира на паркетот, а американските медиуми пишуваат дека Барни, односно човекот кој е во улога на маскота, бил пренесен во болница, каде му се препишани лекови против болки.

Scroll to Top