Top Sport

(Видео) Нови победи за Денвер и Далас, Јокиќ и Дончиќ со трипл-дабл

Денвер Нагетс и Далас Маверикс се единствените две непоразени екипи на Западот од почетокот на сезоната. Изминатата ноќ Нагетс ја забележаа четвртата, а Маверикс третата победа. Трипл-дабл во победите забележаа Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.

Нагетс во својата „Бол Арена“ ја победија Јута со 110:102.

Јокиќ за 35 минути запиша 27 поени (шут од поле 12/16) со 11 асистенции и 10 скока. Ова е негов 107. трипл-дабл учинок во кариерата.

Кошаркарот на Сомбор со тоа се израмни со Леброн Џејмс и Џејсон Кид на вечната листа.

Од неговите соиграчи се истакнаа Арон Гордон со 21 поен и седум скока и Џамал Мареј со дабл-дабл учинок од 18 поени и 14 асистенции.

Во поразениот тим Лаури Марканен постигна 27 поени и фати 14 топки.

Далас го победи Мемфис со 125:110.

Маверикс ги предводеше Лука Дончиќ, кој го има можеби најдобриот старт во лигата. Лука постигна 35 поени, 12 скока и 12 асистенции. Ова е негов 58. трипл-дабл во кариерата.

Фасцинантно е што на овие три одиграни натпревари од почетокот на сезоната, Словенецот има постигнато 117 поени или 39 поени во просек.

Резултати:

Шарлот – Бруклин 121:133
Индијана – Чикаго 105:112
Вашингтон – Бостон 107:126
Атланта – Минесота 127:113
Торонто – Портланд 91:99
Мемфис – Далас 110:125
Милвоки – Мајами 122:114
Њу Орлеанс – Голден Стејт 102:130

Scroll to Top