Top Sport

Џејмс Харден замина во Лос Анџелес Клиперс

Џејмс Харден успеа во намерата да ја напушти Филаделфија. Во текот на ноќта Филаделфија и Лос Анџелес Клиперс си разменија кошаркари.

Лос Анџелес Клиперс, покрај Харден ќе ги добие Пи Џеј Такер и Филип Петрушев, додека Маркус Морис, Ник Батум, Роберт Ковингтон, Кеј Џеј Мартин, пик од првиот круг од 2028 година и два пика од вториот круг ќе се преселат во Филаделфија.

Харден не играше оваа сезона, летово го нарече генералниот менаџер Дерил Мори лажго, рече дека никогаш нема да игра за Сиксерс, доби казна од 100.000 долари од лигата.

Да потсетиме, Џејмс Харден кариерата ја започна во Оклахома Сити каде беше најдобар „шестиот човек“, а кога пристигна во Хјустон стана еден од најдобрите напаѓачи во лигата. Тој три пати беше водечки стрелец во лигата, двапати најдобар асистент и еднаш МВП.

Сепак, бидејќи не можеше да ја освои титулата во Тексас, во 2021 година замина во Бруклин за да се обиде да освои „прстен“ со Дурент и Ирвинг, но тоа беше еден од најлошите проекти во историјата на НБА, а од Бруклин се пресели во Филаделфија каде што мина 18 месеци.

Scroll to Top