Леброн Џејмс доминираше во победата на ЛА Лејкерс во градската пресметка со Клиперси, а Никола Јокиќ и Лука Дончиќ во победите на своите тимови забележаа трипл-дабл. Изминатата ноќ во НБА лигата победи запишаа Минесота, Индијана и Чикаго.
ЛА Лејкерси со голем пресврт во последната четвртина славеа над Клиперси со 116:112. Лејкерси последната четвртина во која Леброн постигна 19 поени ја добија со 35:19.
Џејмс натпреварот го заврши со 34 поени, шест скока и осум асистенции. Леброн доби поддршка од Ентони Дејвис со 20 поени и 12 скока, Дианџело Расел додаде 18 поени и шест асистенции, Руи Хачимура постигна 17 поени.
Кај Клиперс најдобар беше Кави Ленард со 26 поени, седум скока и шест асистенции, Џејмс Харден постигна 23 со девет асистенции, додека Теренс Ман постигна 16 со шест скока.
Актуелните шампиони Денвер Нагетс во четвртиот натпревар ја запишаа првата победа над Сакраменто Кингс оваа сезона. Денвер го декласира Сакраменто со 117:96. Нагетс во 18 минута имаа нестварна предност од 68:22.
Никола Јокиќ забележа трип-дабл со 14 поени и скокови и 11 асистенции. За Јокиќ ова беше 124. трипл-дабл во кариерата, во регуларниот дел од сезоната. Најефикасен кај Нагетс беше Џамал Мареј со 32 поени.
Лука Дончиќ со трипл-дабл во Торонто го прослави 25.роденден. Словенецот мечот го заврши со 30 поени, 10 скока и 16 асистенции. Поен помалку во победата на Далас 136:125 постигна Кајри Ирвинг.
Резултати:
Индијана – Њу Орлеанс 123:114
Торонто – Далас 125:136
Чикаго – Кливленд 132:123 пр.
Минесота – Мемфис 110:101
Денвер – Сакраменто 117:96
ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 112:116