Top Sport

(Видео) Подвиг на Лејкерси без Леброн, по две продолженија победија во Милвоки

Фанатстичен меч, со две продолженија, одиграа во Милвоки, Бакс и ЛА Лејкерси. „Езерџиите“, без Леброн Џејмс, славеа со 128:124.

Милвоки Бакс не успеаја да победат и покрај тоа што на осум минути до крајот на натпреварот имаа предност од 19 поени. Лејекрси со серија 10:0 успеаја да изборат продолженија.

Предводници на Лејекрси беа Ентони Дејвис кој забележа монструозен дабл-дабл со 34 поени и 23 скока, додека Остин Ривс оствари трипл дабл со 29 поени, 14 скока и 10 асистенции. Ист број на поени постигна и ДиАнџело Расел.

Трипл-дабл со 29 поени, 21 скок и 11 асистенции на спротивната страна забележа Јанис Адетокумбо. Демијан Лилард го следеше со 27 поени и осум асистенции.

Мајами беше декласиран на домашен терен од Голден Стејт. Гостите победија со 113:92 благодарение на одличната игра во вториот дел.

Вориорс до победата ги предводеше Клеј Томпсон со 28 поени, Џонатан Куминга додаде 18, а Стеф Кари 17 поени.

Далас ја врза петтата победа. Лесно го победија Сакраменто Кингс со 132:96 на гостински терен. Дончиќ постигна 28 поени и 11 скока, додека Кајри Ирвинг имаше 24 поени и осум асистенции.

Оклахома го комплетираше стопроцентниот учинок на гостинските екипи со победата над Њу Орлеанс од 119:112. Џош Гиди постигна 25 поени, а Шеј Гилџис-Александер 24 поени.

Scroll to Top