Top Sport

(Видео) Струс со трока од 20 метри го шокираше Далас

Кливленд Кавалирс славеа победа над Далас Маверикс 121:119. Блескаа најголемите ѕвезди на двата тима, Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг кај Далас, односно Донован Мичел кај Кливленд, но натпреварот го обележа Макс Струс.

Струс, го одигра најдбриот натпревар за Кливеленд откако пристигна од Мајами Хит на почетокот на сезоната. Во последната четвртина го затрупа кошот на Маверикс. Во финишт на натпреварот погоди четири тројки за само 67 секунди, а со звукот на сирената погоди од 20 метри, преку Лука Дончиќ кој не одигра добра одбрана и стави точка на мечот.

Струс натпреварот го заврши со 21 поен, постигна седум тројки од 10 обиди.

Во целост ги засени најголемите ѕвезди: Донован Мичел за Кливленд уфрли 31 поен, на спротивната страна Лука Дончиќ забележа 45 поени, девет скока и 14 асистенции, а Кајри Ирвинг постигна 30 поени.

Резултати:

Орландо – Бруклин 108:81
Вашингтон – Голден Стејт 112:123
Атланта – Јута 124:97
Бостон – Филаделфија 117:99
Њујорк – Њу Орлеанс 92:115
Чикаго – Детроит 95:105
Милвоки – Шарлот 123:85
Минесота – Сан Антонио 114:105
Оклахома – Хјустон 112:95
Портланд – Мајами 96:106

Scroll to Top