Top Sport

(Видео) Убедлив триумф на Денвер, дебакл на Далас против Јута

Денвер Нагетс забележаа победа против Шарлот Хорнетс, а Далас Маверикс се поразени од Јута Џез. Скромни партии имаа најдобрите играчи на Данвер и Далас, Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.

Денвер против еден од најслабите тимови во лигата, славеа убедливо со 111:93. Јокиќ за 27 минути забележа 13 поени, 11 скока и шест асистенции. Нагетс ги предводеа Џамал Мареј со 25 и Мајкл Портер јуниор со 22 поени.

Далас доживеаја тежок пораз од Јута 90:127. За Маверикс ова беше трет пораз на последните четири натпревари. Дончиќ погоди само шест пати од 20 обиди, натпреварот го заврши со 19 поени, 14 асистенции и шест скока.

Симоне Фонтекио со 24 поени ја предводеше Јута, Лаури Марканен постигна 17 поени.

Scroll to Top