Лос Анџелес Лејкерс не искористија првата меч топка за пласман во конференциското финале. Лејкерси против Голден стејт имаат предност 3:2, откако петтиот меч им припадна на Вориорс со 121:106.
Покрај поразот, Лејкерси се загрижени и за состојбата на Ентони Дејвис. Тој во второто полувреме доби удар во главата од Кевон Луни. Потоа Дејвис во инвалидска количка ја го напушти теренот и замина во соблекувалната бидејќи постои можност за потрес на мозокот.
Anthony Davis left the court to get evaluated after taking an inadvertent shot from Kevon Looney. pic.twitter.com/zluOAI4WvB
— SportsCenter (@SportsCenter) May 11, 2023
Стеф Кари со 27 поени и осум асистенции го предводеше актуелниот шампион до победата. Ендрју Вигинс го следеше со 25 поени, седум скока и пет асистенции, додека Дрејмонд Грин имаше дабл-дабл учинок со 20 поени и 10 скока. Двоцифрени беа уште Гери Пејтон со 13, Џордан Пул со 11 и Клеј Томпсон со 10 поени.
Кај Лејкерси Леброн Џејмс постигна 25 поени, Дејвис пред да го напушти натпреварот постигна 23 поени и имаше девет скока.
Остин Ривс и Д’Анџело Расел постигнаа по 15 поени, додека Денис Шрудер додаде 14 поени.
Одбраната на Лејкерси не функционираше добро, особено во првото полувреме кога Вориорс постигнаа 70 поени.
Шестиот натпревар на овие два тима ќе се игра во Лос Анџелес во сабота од 04:00 часот.
Шести меч на Истокот изборија и Њујорк Никс. На домашен терен Никс славеа против Мајами Хит со 112:103.
Њујорк до победата ги предводеше Џејлен Брансон. Тој постигна 38 поени, со девет скока и седум асистенции.
Ниту еден играч на Никс досега немал вакви бројки во плејофот. Интересно Брансон не излезе од натпреварот против Мајами.
Го следеше Ер-Џеј Барет со 26 поени и седум скока, а Џулиус Рендл имаше 24 поени и пет скока и асистенции.
Бренсон, Барет и Рендл постигнаа 79 отсто од поените на Никс.
Кај Мајами, Џими Батлер постигна 19 поени, Адебајо додаде 18, додека Робинсон постигна поен помалку.
Мајами Хит ќе имаат нова меч топка и можност да се пласираат во конференциското финале пред своите навивачи во сабота.