Црвена звезда го намали водството на Партизан на 2:1 во финалната серија во регионалната АБА-лига по 91:78 (19:21, 19:20, 24:18, 29:19) во меч кој беше на раб на прекин по бурните случки на трибините.
Стартот на мечот доцнеше речиси половина час, откако кошаркарите на Партизан беа гаѓани со запалки и други предмети од навивачите на Звезда апри излeгувањето на терен. За време на прекинот, Партизан преку социјалните мрежи порача „не сме исти“ во очигледна „боцка“ кон градскиот ривал.
Потоа, во текот на првата четвртина, тие скандираа „Јабуселе, Јабуселе“, во обид да ги испровоцираат кошаркарите на „црно-белите“ посочувајќи на инцидентот на мечот на Партизан со Реал Мадрид.
На теренот, беше целосно израмнето во првите две четвртини, за на полувреме Партизан да има само три поени предност (38:41), за потоа Звезда да се врати во одличната трета четвртина и да направи предност, која ја одржаа и во последната четвртина. Немања Недовиќ имаше 19 поени за Звезда, додека Петрушев и Митровиќ уфрлија по 16, додека за Партизан најефикасен беше Данте Ексам со 16 поени.
И во четвртиот меч од финалето, Звезда е домаќин.
Igrači Partizana zasuti upaljačima nakon izlaska na teren. pic.twitter.com/2nSd3Dc9Kv
— B92 Sport (@b92sport) June 18, 2023
— OvoOno (@OvoOnoX) June 18, 2023