Top Sport

Винс Картер и Чонси Билапс во Куќата на славните

Две големи имиња во НБА, Винс Картер и Чонси Билапс ќе добијат признание за се што постигнале во кариерата. Имено, двајцата ќе станат членови на Куќата на славните, објави „Атлетик“.

Винс Картер помина 22 години во НБА, како член на Торонто, Њу Џерси, Орландо, Феникс, Далас, Мемфис, Сакраменто и Атланта.

Во кариерата постигна 25.728 поени, со просек од 16,7 поени по натпревар.

Тој беше „руки“ на годината во 1999 година. Осум пати беше избиран за „Ол-стар“, а неговите летови во забивање во 2000 година се раскажуваат до ден-денес.

Со репрезентацијата на САД го освои златото на Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година.

Чонси Билапс играше во НБА за Бостон, Торонто, Денвер, Минесота, Детроит, Њујорк, Клиперс и повторно Детроит, каде остави најголема трага.

Тој беше шампион на НБА во 2004 година и МВП на тоа финале. Пет пати учествуваше на „Ол-стар“.

Во негова чест, бројот 1 беше повлечен од употреба во Детроит.

Со репрезентацијата на САД беше светски првак во 2010 година во Турција.

Scroll to Top