Top Sport

Винс Картер тивко замина во пензија

НБА лигата ќе продолжи со 22 екипи, меѓу кои ја нема Атланта Хокс што значи дека легендарниот Винс Јартер замина во пензија. „Ер Канада“ пред неколку месеци потврди дека ова е неговата последна сезона во кариерата. За разлика од останатите славни играчи тој тивко ќе замине во пензија.

Сигурно е дека Винс и беговиот клуб имаа желба последниот меч да биде посебен, да го одигра пред публика, но во овој момент тоа е невозможно. Доколку сака да биде испратен на начин на кој што заслужува картер ќе мора да чека до септември.

Картер е осум кратен Ол-стар, во лигата влезе во 1998 година како пик на драфтот избран од Торонто Репторс. Во Канада играше до 2004 година кога беше трејдуван во Њу Џерси Нетс.

Три години играше во Њу Џерси, а потоа започна чесо да ги менува тимовите. Настапувал за Финикс Санс, Орландо Меџик, Далас Маверикс, Мемфис Гризлис, Сакраменто Кингс и Атланта Хокс.

Картер бил руки на годината, по еднаш бил биран во вториот и третиот најдобар тим во сезоната, во 2000 година победи во натпреварот во забивање.

Scroll to Top