Top Sport

Гризман: Барселона, СП во Катар и за крај МЛС

Напаѓачот на Барселона Антоан Гризман рекол дека посакува да заигра и кариерата да ја заврши во американската МЛС лига. Францускиот репрезентативец има договор со Барселона до јуни 2024 година.

„Главни цели ми се со Барселона да ја освојам Ла Лига и Лигата на шампионте. Потоа следува Светското првенство во Катар, а потоа МЛС“, рекол светскиот првак со Франција и дополнил.

„Не знам во кој тим би играл таму, но навистина сакам да играм во МЛС. Сакам кариерата да ја завршам во САД. Доколку тоа биде можно сакам да бидам дел од тим кој ќе се бори за титулата“.

Гризман минатото лето од Атлетико Мадрид се пресели во Барселона. Каталонците за него платија 120 милиони евра. Во кариерата играл и за Реал Сосиедад.

Scroll to Top