Top Sport

Нападнат автобусот на Бенфика, двајца играчи завршиле во болница

Бенфика синоќа не успеа да го искористи киксот на Порто и да се врати на челната позиција во првенството на Португалија. Бенфика одигра 0:0 со Тондела па разликата поради што Порто ја задржа предноста од еден бод.

По завршувањето на натпреварот навивачите на Бенфика, незадоволни од резултатот, со камења го нападнале клупскиот автобус во кој се наоѓале играчите. Двајца играчи завршиле во болница.

Станува збор за Германецот Јулијан Вајгл и Србинот Андрија Живковиќ.

Според полициските извештаи нападот го извршила навивачката група на Бенфика која се нарекува „Но Нејм Бојс“.

„Бенфика го осудува нападот кој го извршија криминалци. Тие го каменуваа автобусот кој се движеше по автопатот кон Сеиксал . Од претпазливост Вајгл и Живковиќ се пренесени во болница на рутински преглед. Бенфика ќе соработува со властите во истрагата за да бидат пронајдени оние кои го извршија овој криминален акт“, соопштија од најтрофејниот португалски клуб.

Scroll to Top