Сегафредо Виртус Болоња со 73:61 го победи Тенерифе за да го освои шампионскиот трофеј од Лигата на шампионите, освојувајќи прв голем европски трофеј по пауза од 10 години.
Италијанскиот клуб ја имаше предноста во текот на целиот меч и водеше со 38:24 на полувреме, пред во финишот да дозволи Тенерифе да се доближи на седум поени (64:57) и да го направи финишот интересен.
Кевин Пантер со 26 поени беше прва ѕвезда на Виртус, освојувајќи ја втората титула во ЛШ во низа, откако лани победи со АЕК Атина. Амат М’Баје додаде 16 поени, а капитенот Пјетро Арадори имаше 9.
Виртус Болоња во минатото двапати ја освојуваше Евролигата (1998, 2001), еднаш Сапорта купот (1990), но последен пат славеше во Еврочеленџот на ФИБА во 2009 година.
Белгискиот Антверп џајантс го освои третото место со 72:58 победа над Бамберг.