Кошаркарите на Виртус Болоња приредија изненадување во петтото коло од Евролигата, откако славеа на гостувањето кај Реал Мадрид со 92:95. „Кралевите“ отворија подобро на овој меч и на полувреме имаа предност од 45:41.
Сепак, Виртус по паузата блескаше и на крајот стигна до заслужен триумф, само втор оваа сезона во елитното натпреварување.
Дек од Реал Мадрид беше најдобар поединец на мечот со 28 поени, а кај Виртус се истакнаа Бако со 16 и Теодосиќ со 14 поени.