Top Sport

Во Белград се прославуваше победата и се пееше: Аргентина, Аргентина!

Во Белград имаше причина за славје – аргентинскиот кошаркар Лука Вилдоза повторно блесна за да ја предводи Црвена звезда до 77:73 победа над Жалгирис во меч од Евролигата, а во исто време дојдоа и вестите за убедливиот 3:0 пораз на Хрватска од Аргентина во полуфиналето на СП во Катар.

Вилдоза, повторно беше најдобар за Звезда со 25 поени, за во финишот на мечот, да се пее „Аргентина, Аргентина“.

Scroll to Top