Top Sport

Далиќ: Заслужен пораз, ни фали еден „вистински“ напаѓач

Хрватска во полуфиналето на СП во Катар доживеа тежок 3:0 пораз од Аргентина, за да игра меч за бронза во сабота против поразениот од второто полуфинале помеѓу Франција и Мароко, и хрватскиот селектор Златко Далиќ најави дека и покрај поразот ќе одат на медал.

„Им честитам на Аргентинците за пласманот во финале, а на моите момци немам што да им замерам. На почетокот ја имавме контролата, но понекогаш среќата ќе те посака, а понекогаш ќе ти врати. Колку што сфатив тие бараа корнер, а од таа акција примивме гол. Но, го загубивме натпреварот и нема што да се каже и треба да се подговиме за следниот меч. Креиравме добри ситуации, но не бевме конкретни. Ни фалеше еден прав, вистински напаѓач. Заслужен пораз. Брозовиќ? Почувствува болка во мускулот и не сакавме да ризикуваме. Да ни го нудеше ова некој пред СП, ќе го прифатевме веднаш, но сега боли“, признава Далиќ.

Scroll to Top