Top Sport

Во чест на Коби: Далас го повлекува бројот 24

Далас Маверикс во чест на Коби Брајант ќе го повлечат дресот со бројот 24, соопштил сопственикот на оваа франшиза Марк Кјубан.

„Шокирани сме од поразителните вести за смртта на Коби Брајант и неговата ќерка Џијана. Коби беше амбасадор на нашата игра, легенда и глобална икона. На се, беше сакан и посветен татко. Неговото наследство ја надминува кошарката и нашата организација реши во Далас Маверикс повеќе никој да не го носи бројот 24“, стои во соопштението на Кјубан.

Брајан кој во еден дел од кариерата го носеше бројот 24, настрада во неделата во хеликоптерска несреќа.

Scroll to Top