Војдан Стојановски е најдобриот македонски кошаркар за 2022 година. Немаше многу големи дилеми околу конечниот избор, капитенот на нашиот национален тим, и лидер на МЗТ Скопје во изминатата сезона, да биде „број еден“ во македонската кошарка.
„Многу сум горд, некако знаев дека пред крајот на кариерата ќе се вратам да играм во Македонија. Многу ми е мерак и многу ми е мило што бележиме успеси со МЗТ Скопје и со репрезентацијата што ја претставуваме Македонија во АБА. Се надевам дека ќе ги оствариме тие цели, дека ќе останеме во тоа друштво, и да продолжиме да ја презентираме македонската кошарка секако надвор од границите на Македонија.
Убаво е уште еден клуб да се придружи во АБА лигата. Сметам дека Македонија има таленти, дека има кошарка. И дека многу луѓе сакаат Македонија да има уште еден претставник во АБА лигата“, искоментира лауреатот на наградата за најдобар кошаркар за 2022 година.