Војдан Стојановски кариерата ќе ја продолжи во германската Бундеслига, во екипата на Олденбург, потврди клубот на социјалните мрежи.
Стојановски, има искуство од настапите во Германија, бидејќи во период од 2013 до 2015 година, го носеше дресот на Алба Берлин.
Македонскиот репрезентативец минатата сезона настапуваше во Бујукчекмеџе, а во кариерата играл и во АМАК-СП, Фени индустри, Черкаси мавпи, Доњецк, Бетис и Андора.