Тренерот на ЛА Лејкерс, Лук Волтон, од наредната сезона веројатно нема да ја предводи оваа франшиза.
„Њујорк Тајмс“ пишува дека деновите на Волтон во Лејкерс се избројани и дека Меџик Џонсон веќе имал подготвена замена за него.
Веројатно на местото на Волтон во ЛА Лејкерс ќе дојде Тајрон Лу, поранешен тренер на Кливленд Кавалирс, кој е добар пријател со Леброн Џејмс.
Лејкерс оваа сезона играат лоша кошарка, но проблемите со кои се соочуваат се многу поголеми. Екипата нема да избори место во плејофот, што само ќе му даде причина на Меџик да му врачи отказ на тренерот Волтон.