Top Sport

Фернандо Торес ќе игра во Саган Тосу

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес, кариерата ќе ја продолжи во Јапонија, во екипата на Саган Тосу. Со овој тим напаѓачот ќе потпише двегодишен договор.

Поранешниот репрезентативец на Шпанија тргна по стапките на Андрес Иниеста, кој минатата недела договори соработка со Висел Кобе. Според светските медиуми, Торес, во Саган, ќе има неделна плата од 80.000 евра.

Саган Тосу нема добра сезона во јапонскиот шампионат (Џеј лига). По 15 одиграни натпревари овој тим се наоѓа на претпоследното, 17.место на табелата, со само 13 бода.

Тимот од клупата го предводи Италијанецот Масимо Фичаденти, а од познатите фудбалери дресот на Саган го носи Колумбиецот Виктор Ибарбо, екс играч на Каљари, Рома и Вотфорд.

Фернандо Торес по завршувањето на сезоната, по втор пат во кариерата реши да го напушти клубот во кој започа да игра фудбал. Неодамна тој со „јорганџиите“ ја освои Лига Европа, што е прв негов трофеј во дресот на Атлетико.

Scroll to Top