Top Sport

Вориорс ги декласираа Лејкерси, изедначија во серијата на 1-1

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс израмнија на 1-1 против Лос Анџелес Лејкерс во полуфиналето од плеј-офот на НБА Западот. Актуелните шампиони ги декласираа Лејкерси со 127:100.
Актуелните шампиони ги предводеше Клеј Томпсон со 30 поени, од кои осум тројки од 11 обиди.

Стивен Кари во победата придонесе со 20 поени, 12 асистенции и четири скока, а Џајмикл Грин со 15 поени.

Дрејмонд Грин додаде 11 поени, 11 скока и девет асистенции, Ендрју Вигинс 11 поени, а Мозес Муди 10 поени и седум скока.

Во тимот од Лос Анџелес најефикасен беше Леброн Џејмс со 23 поени, а имаше и седум скока и три асистенции.

Руи Хатчимура постигна 21 поен, Ентони Дејвис имаше 11 поени со седум скока, четири асистенции и три блокади, а Д’Анџело Расел имаше 10 поени и 8 асистенции.

Следниот трет натпревар ќе се игра ноќта меѓу сабота и недела во Лос Анџелес.

Scroll to Top