Top Sport

(ВИДЕО) Рајо Ваљекано го победи Валјадолид

Рајо Ваљекано ја оствари 12. победа во Ла Лига оваа сезона откако на домашен терен го совлада Валјадолид со 2:1. Со овој триумф тимот на Столе Димитриевски се уште држи ритам и за излез во Европа следната година. Во моментот е на деветтата позиција, но седмопласираната Жирона има само еден бод повеќе.

Раул де Томас во 48.минута го доведе Рајо во водство, а Серхио Камело зголеми на 2:0 во 80.минута.

Столе Димитриевски беше совладан четири минути подоцна од Серхио Леон, но бодовите сепак им припаднаа на домашните фудбалери.

Бетис славеше на гости против Атлетик Билбао со 0:1, со голот на Вилијан Жозе во шестата минута.

 

Scroll to Top