Top Sport

Вориорс го запечатија третото место со победата над Сан Антонио

Голден Стејт вориорс со 100:94 победија на гостувањето кај Сан Антонио спарс за да го запечатат третото место во Западната конференција и да осигураат дуел со Денвер нагетс, додека десетопласираните Спарси ќе гостуваат кај Њу Орлеанс пеликанс во плеј-ин турнирот.

Куминга и Пул имаа по 18 поени за Голен Стејт, додека кај Спарси, Лони Вокер заврши со 24 поени.

Пол Џорџ, пак, ги предводеше Лос Анџелес клиперс до рутинска 117:98 победа над Сакраменто Кингс, а му помогнаа Норман Пауел со 20 поени и Ивица Зубац со 15 поени и 12 скока.

Мемфис гризлис со 141:114 ги декласираа Њу Орлеанс, постигнувајќи 53 поени во третата четвртина, со што се на четвртото место во историјата на НБА лигата. Брукс имаше 23 поени, а Морент додаде 21 поен.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Сан Антонио – Голден Стејт 94:100

Мемфис – Њу Орлеанс 141:114

ЛА Клиперс – Сакраменто 117:98

Scroll to Top