Голден стејт Вориорс славеа над Атланта Хоукс, Деневер против Хјустон ја продолжија негативната серија, а Кливленд Кавалирс ставија крај на серијата порази и против Шарлот ја запишаа втората сезонска победа.
Актуелните шампиони, Вориорс, без повредениот Стеф Кари и суспендираниот Дрејмонд Грин, без проблеми се справија со „јастребите“ од Атланта. Вориорс славеа со 110:103.
Вориорс го предводеа Кевин Дурент со 29 и Клеј Томпсон со 24 поени, додека Торијан Принс постигна 22 коша за Атланта.
Денвер Нагетс, во првите десет натпревари имаа само еден пораз (ЛА Лејкерс), а потоа влегоа во серија на негативни резултати. Четвртиот пораз во низа Нагаетс го доживеаја од Хјустон 99:109.
Хјустон, до шестата победа во 13.меч сезонава, го предводеа Клинт Капела со 24 поени, Џејмс Харден со 22 поени и 11 асистенции, односно Крис Пол со 21 поен.
Кај Денвер подобри од останатите беа Монте Морис (19 поени), Џамал Мареј (15 поени) и Никола Јокиќ (14 поени, 12 скока, седум асистенции).
Кливленд Кавалирс ставија крај на низата од пет порази со победата над Шарлот Хорнетс 113:89. За Кавалирс ова беше само втората победа во 13.сезонски натпревар, додека Хорнетс се на седум победи и исто толку порази.
Џордан Кларксон се истакна кај Кливленд со 24 поени, 18 постигна Дејвид Нваба, а по 16 поени уфрлија Родни Худ и Колин Секстон. Џереми Лемб беше единствениот расположен за поентирање кај Хорнетс, тој постигна 22 поени.