Top Sport

За 24 часа милион ипол луѓе се потпишаа Коби да е на новото лого на НБА

Повеќе од 1.5 милиони луѓе за помалку од 24 часа се потпишаа на он-лајн петицијата силуетата на Коби Брајант да стане новото лого на НБА лигата. Петицијата ја покрена навивач на Лос Анџелес Лејкерс, клубот каде Брајант ја помина целата кариера.

Потписите се собираат на страницата „Change.ort“, а организаторите останаа шокирани од бројката на гласови собрани за помалку од едно деноноќие.

„Нашата цел беше да собереме 500.000 потписи, меѓутоа сега имаме трипати повеќе, и постојано доаѓаат нови. Сакаме длабоко да им се заблагодариме на сите за својот придонес. Се надеваме дека со нашиот напор ќе го оствариме нашиот сон, да го видиме Коби Брајант изгравиран на новото лого на НБА“ – напиша покренувачот на петицијата.

Актуелното лого на НБА го направил Алан Сигел во 1969 година прилагодувајќи ја силуетата на тогашната ѕвезда на Лејкерси, Џери Вест.

Scroll to Top