Top Sport

Коби и Џиана биле во црква пред да се качат на кобниот лет!

Смртта на НБА-легендата, Коби Брајант (41) и неговата 13-годишна ќерка Џиана и понатаму е тема број еден во светот. Тие, заедно со уште седуммина, трагично ги загубија животите во хеликоптерската несреќа.

„Дејли Мејл“ дојде до податок дека Коби и ќерката неколку часа пред несреќата биле во црква, по што тргнале на кошаркарскиот турнир на кој требало да настапи наследничката на ѕвездата на Лејкерси.

Портпаролот на католичката црква „Our Lady Queen of Angels” во Њупорт Бич изјавил дека Коби и Џиана биле заедно и се молеле заедно на утринската миса.

Свештеникот, според информациите, во текот на мисата ги известил сите присутни дека имаат чест Коби Брајант и неговата ќерка да се заедно со нив, а истото на профилите на социјалните мрежи го споделиле и неколкумина од верниците.

По заминувањето од црквата, Коби и Џиана се качиле во хеликоптерот кој ги одведе во смрт, но и во легендите.

Scroll to Top