Бруклин Нетс во најинтересниот натпревар, одигран изминатата ноќ во НБА лигата, по едно продолжение, го совладаа Хјустон 145:142. На Хјуатон не му беа доволни ниту 58. поени на Џејмс Харден.
Харден погоди 21 од 23.слободни фрлања, пет од 19. обиди за три поени завршија во кошот на противникот, а од поле шутираше со речиси 50-отсто успешност. Сепак тоа не беше доволно Хјустон да го избегне 19.пораз во сезоната. Интересно кошаркарите на Хјустон на овој меч имаа 70 обиди за три поени, а погодиле 23.
Harden is the new King of 50-point games ? pic.twitter.com/6JJlD25qTZ
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 17, 2019
Динвиди и Керол на спротивната страна му парираа на Харден. Динвиди имаше учинок од 33 поени и 10 скока, тој ја погоди тројката за 131:131 на осум секунди до крајот на регуларниот дел, со кој избори продолжение за Брукли. Керол на крајот заврши со 22 поени.
Бостон Селтикс, во дербито, забележаа победа над Торонто Репторс 117:108. Блескаше плејмејкерот на Бостон Кајри Ирвинг со 27 поени и 18 асистенции. Најголем дел од асистенциите одеа кон Ал Хорфорд, кој постигна 25 поени. Најистакнати кај Торонто беа Каваи Ленард со 33 поени, односно Серж Ибака со 22 поени и 10 скока.
Луд натпревар одиграа Голден стејт Вориорс и Њу Орлеанс Пеликанс. Вориорс славеа со 147:140. Стеф Кари постигна 41 поен, Кевин Дурент забележа 30 поени и 15 скока, Клеј Томпсин уфрли 19 поени два повеќе од Дрејмонд Грин.
Кај Пеликанс Ентони Дејвис забележа 30 поени и 18 скока, Никола Миротиќ постигна 29 поени, четири повеќе од Џру Холидеј.
Портланд лесно се справи со Кливленд Кавалирс. Портланд славеа со 129:112, а Босанецот Јусуф Нуркиќ го забележа првиот трипл-дабл во кариерата. Нуркиќ имаше по 10 поени, скокови и асистенции.
Лука Дончиќ постигна 25 поени но не можеше да го спречи поразот на Далас во дербито на Тексас, од Сан Антонио. Давид Бертранс и Демар Дерозан постигнаа 18 од последните 30 поени и и однесоа Спарс до победата 105:101.