Му го донесе на МЗТ Скопје толку посакуваниот пласман во најсилната јадранска конкуренција. Ја „потврди“ шампионската титула со екипата од Аеродром, го донесе во лидерското место во домашниот шампионат и во оваа сезона. Но, поради лошите резултати на МЗТ Скопје во АБА, пред неколку дена замина од клупата.
Сепак, кога ќе се сумира годината, Александар Петровиќ е најдобриот кошаркарски тренер во машка сениорска конкуренција за оваа 2022 година во конкуренција на Марјан Илиевски од Пелистер и Боро Смилковски, предводникот од клупата на скопски ТФТ.
„Благодарам на сите, ви посакувам се најдобро во новата година и да се гледаме догодина сите заедно, повторно“, искоментира Александар Петровиќ.