Top Sport

Зенит доби „вајлд-кард“, ќе игра в Евролигата

Зенит од Санкт Петербург доби специјална покана за учество во Евролигата во сезоната 2019/2020. Финансиски моќниот клуб, чии спонзор е „Гаспром“ ја комплетира листата на учесници во наредната сезона. Новата сезона е прва во која ќе учествуваат 18 екипи, односно секој тим ќе одигра 34 натпревари.

Русија покрај Зенит ќе ја претставуваат ЦСКА Москва и Химки, што е прв пат оваа земја да има три екипи во елитата. Од регионот место во Евролигата избори Црвена ѕвезда.

Новата сезона во Евролигата ќе започне на 3 октомври, а финалето на завршниот турнир ќе се одигра на 24 мај 2020 година во Атина.

Учесници во Евролигата, сезона 2019/2020:

Шпанија: Басконија, Барселона, Реал Мадрид, Валенсија
Русија: ЦСКА Москва, Химки, Зенит
Грција: Олимпијакос, Панатинаикос
Турција: Фенербахче, Анадолу Ефес
Германија: Алба Берлин, Баерн Минхен
АБА-лига: Црвена ѕвезда
Италија: Армани Милано
Литванија: Жалгирис
Франција: Асвел
Израел: Макаби Тел Авиви

Scroll to Top