Еден од најинтересните моменти во ТВ-преносите од Светското првенство во Кина беше моментот кога поранешниот австралиски НБА-играч, а сега ТВ коментатор Ендру Гејз остана збунет од една згодна навивачка на трибините на мечот САД-Бразил, но на крајот испадна дека девојката која ја танцуваше е Русинка.
Ана Медведева, сама преку Инстаграм ја објасни својата ситуација и призна дека била на мечот да ги гледа „згодните бразилски кошаркари“.
„Многу сум среќна што мојата личност предизвика толку големо внимание на меот САД-Бразил во Шенжен. Неколку часа пред мечот не знаев дека ќе бидам поканета на мечот, но енергијата ме понесе и танцував со радост. Јас сум од Русија, но нема да лажам и ќе признаам дека дојдов на мечот да ги гледам згодните бразилски момци, штета што не победија тие“, напиша Медведева.