Како дел од кампањата на компанијата „Моцарт“, во Белград се отвори уште едно кошаркарско игралиште, овојпат со името на легендата на југословенската кошарка Жарко Паспаљ
Спортскиот комплекс кој претходно се нарекуваше „Шљункара“ го отвори кошаркарот во присуство на градоначалникот на Белград, Зоран Радојичиќ. Теренот се наоѓа во белградскиот кварт Звездара.
„Во својата кариера кренав многу трофеи и признанија, и најдрагиот од европската титула во 1995 година, меѓутоа, ова признание ме враќа во детството и се потсетувам на восхитот кога првпат почнав да играм кошарка. Ова е круна на мојата кариера и навистиан сум горд“, изјави Паспаљ.