Top Sport

Жељко Обрадовиќ избран за најдобар тренер во АБА лигата

Тренерот на кошаркарскиот клуб Партизан, Жељко Обрадовиќ, е избран за стратег на годината во АБА лигата. Иако натпреварувањето се уште не е влезено во завршна фаза, сепак, индивидуалните признанија се веќе поделени.

Обрадовиќ победи со 41 отсто од гласовите и зад себе ги остави тренерот на најлутиот ривал Црвена Звезда, Дејан Радоњиќ (19,5 отсто гласови), како и Ненад Стефановиќ од ФМП (11,9 отсто гласови).

Партизан регуларниот дел од сезоната во АБА лигата го заврши како второпласиран зад Црвена звезда со 22 победи и четири порази. Тие во полуфиналето од плеј-офот за ривал ќе ги имаат Будуќност или ФМП. Од следната сезона во најквалитетното друштво на АБА се враќа и македонскиот тим МЗТ Скопје Аеродром.

Жељко Обрадовиќ минатото лето се врати во Партизан со големи амбиции, а прва од нив е тимот да се врати во Евролигата.

Scroll to Top