Top Sport

Зубац за Јокиќ: Бираш со што да те убие!

Хрватскиот кошаркар во дресот на ЛА Клиперс – Ивица Зубац во подкаст по дуелот со Денвер Нагетс и Никола Јокиќ вели:

„Може ти да си ги гледал неговите потези од минатиот меч, од која страна оди, што најмногу сака да направи, кое движење. Но кога ќе дојде мечот тоа се случува толку брзо што немаш многу време за размислување. Тој е сигурно еден од најтешките играчи за чување. Цело време мислиш дека играш добра одбрана против него и тогаш со шут преку тебе, кој е претежок, погодува. Толку е талентиран што мислам дека нема некој во НБА што може да го чува“ рече Зубац.

Хрватскиот центар продолжи со пофалбите за Србинот.

„Кога ќе почувствуваш дека го удвојуваш, тој гледа се на теренот, во просек има по 10 асистенции, ќе најде некој отворен. Некогаш е подобро да го пуштиш да постигне 40 поени отколку да има 15 асистенции. Бираш со што да те убие“ смета хрватскиот кошаркар.

Scroll to Top