Top Sport

Звезда во финишот го уништи Баерн, Хезоња пак го „крена“ Уникс

Црвена звезда со фантастичен финиш на мечот стигна до 81:78 победа над Баерн Минхен за еуфорија во Белград, откако во претходното коло им избега слична сензација против Барселона.

Предводени од 20-те поени на Никола Калиниќ, Звезда го подобрија скорот на 7-9 по 16 кола, колку што имаат и Баерн Минхен.

Уникс Казан, повторно инспириран од Марио Хезоња стигна до 66:53 домашна победа над  Жалгирис за трета победа едноподруго и подобрување на скорот на фантастични 10-6.

Кога двата тима беа израмнети во третата четвртина, „Супер Марио“ Хезоња ги крена Уникс за 42:35 водство. И покрај обидот за камбек на литванскиот клуб, тимот на Велимир Перасовиќ на крајот забележа победа. Хезона пак беше најефикасен со 20 поени со четири тројки, а имаше и 6 скока

„Се обидовме да ја контролираме играта, но наместо тоа му дозволивме на Хезоња да ни дава лесни тројки. Тоа беше клучот за поразот“, вели тренерот на Жалгирис, Јуре Здовц.

ЦСКА Москва, пак, стигна до тесна 93:90 победа на гости кај Алба Берлин во драматична завршница. Јоханес Фоигтман имаше 16 поени, Вил Клајбурн додаде 15, додека Токо Шенгелија имаше дабл-дабл со 12 поени и 10 скока.

На пет минути до крајот резултатот беше израмнет на 82:82, по што се играше поен за поен, пред ЦСКА да направи 9-2 серија. Алба сега има 5-11 скор, додека ЦСКА е на 10-6.

ЕВРОЛИГА, 16.КОЛО

Уникс Казан – Жалгирис 66:53 (13:12, 13:11, 16:19, 24:11)

Алба Берлин – ЦСКА Москва 90:93 (21:23, 27.25, 25:21, 17:24)

Монако – Зенит Санкт Петерсбург 74:85 (14:31, 29:14, 14:11, 17:29)

Олимпијакос – Асвел Лион 89:54 (20:10, 19:11, 26:17, 24:16)

Црвена звезда – Баерн Минхен 81:77 (20:21, 26:24, 19:22, 16:10)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top