Top Sport

Скандал на 17 дена пред Мундобаскетот–штрајк во Брегот на Слонова коска

Кошаркарите на Брегот на Слоновата коска започнале штрајк на 17 дена пред почетокот на Мундобаскетот во Кина на кој ќе учествуваат и тие како еден од претставниците од Африка.

Според пишувањето на тамошните медиуми, причина најверојатно е незадоволството од неисполнетите финансиски обврски на Кошаркарскиот сојуз. Се додава дека постои договор Сојузот да им ги исплати бонусите на играчите за тие да можат самите да се грижат за своето здравје во текот на подготовките за СП.

„Не сме добиле никаков бонус од почетокот на подготовките, пред околу еден месец. Сојузот вети дека ќе добиеме само половина, но и тоа не се случи. Бараме да ги добиеме сите пари и за подготовките и за учеството на Мундобаскетот“ – изјави капитенот на селекцијата, Ги Лендри Еди.

Тој додаде и дека во тимот има тројца повредени играчи кои не можат да си го платат лекувањето.

Брегот на Слонова коска на Мундијалот е во групата А, заедно со домаќинот Кина, и со Полска, односно Венецуела.

Scroll to Top