Top Sport

Ајакс го најави двобојот против Јувентус со „Бла, бла, бла“! (видео)

Ајакс вечерва од 21 часот во Амстердам го игра првиот четвртфинален дуел против италијански Јувентус во Лигата на шампиони.

Фудбалерите кои се хит оваа сезона во Европа во осминафиналето изненадувачки го исфрли Реал Мадрид со фантастична победа од 4-1 во Мадрид со што покажаа дека не се плашат од никого. Истата порака од Ајакс му ја испратија и на торинскиот клуб преку службениот YouTube канал на клубот.

Ајакс како инспирација го искористија светскиот мега-хит „Бла, бла, бла“ на познат холандски диџеј, па спотот за песната го спои со дел од натпреварите што годинава холандскиот тим ги играше во најсилното фудбалско натпреварување на стариот континент.

„Баш ни е гајле што зборат другите“ – порачуваат од Ајакс.

Погледнете.

Scroll to Top