Top Sport

Ако сега не врзе две победи, Анчелоти лета од клупата на Наполи

Медиумите на „Чизмата“ излегоа со нови информации поврзани со хаосот кој владеа во неапол, во фудбалскиот клуб во кој настапува нашиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас – Наполи.

Информациите се дека тренерот Карло Анчелоти добил ултиматум од газдата на клубот, Аурелио Де Лаурентис.

Ако Наполи не освои 6 бода од следните два меча во Серија А, нагости на „Сан Сиро“ кај Милан на мечот со Болоња пред домашните навивачи, речиси сигурно ќе дојде до смена на клупата на клубот.

Наполи е во резултатска криза, посебно одразена во Серија А каде на последните 6 натпревари има само 1 победа и дури 4 реми исходи.

Моментно Наполи е седми на табелата со 19 бода, далеку од водечките Јувентус и Интер со 32, односно 31 бод.

Scroll to Top