Top Sport

Момчето кое ја „дрма“ фудбалска Европа го постигна 5-тиот хет трик сезонава

Ерлинг Халанд (19) продолжува со сјајната форма во дресот на автриски Ред Бул Салцбург.

Тој постигна хет-трик и на вчерашниот првенствен меч против Волфсбергер (победа за Салцбург 0-3). Норвежанецот го комплетираше петтиот хет трик сезонава.

Халанд моментно има постигнато 27 гола на 18 настапи сезонава.

Седум гола постигна во Лигата на шампиони, каде е на врвот на листата на стрелците.

Тој летоска го сврте вниманието врз себе кога постигна 9 гола на натпревар од Светското првенство за играчи до 20 години

Фудбалските гиганти во Европа силно се заинтересираа за неговиот потпис, па јасно е дека австрискиот клуб нема да успее долго да го задржи во своите редови.

Досега интерес покажаа Јувентус, Манчестер Јунајтед, Барселона, Реал Мадрид, Атлетико, Арсенал, Баерн, Челси.

Scroll to Top