Top Sport

Алек Трајковски има повод за славје, деби со победа на Мајорка (видео)

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Александар Трајковски вечерва со својот нов клуб, шпанска Мајорка слави победа во првото коло на новата сезона во Примера. Мајорка се враќа во првата шпанска лига, а Трајковски го имаше своето деби во црвениот дрес. И тоа со победа, 2-1 против тимот на Еибар.

Трајковски во игра влезе во 74 минута при резултат 1-1, откако играта ја напушти Фебас.

Веднаш потоа, во наредната минута, Мајорка поведе со 2-1. Несреќниот гостински фудбалер, Оливеира кој претходно донесе израмнување за Еибар од 1-1, сега даде гол во сопствената мрежа.

Нашиот фудбалер имаше убава прилика да се запише во листата на стрелци уште на дебито, но неговиот обид во 82 минута заврши во противничкиот играч.

Во следното коло, Мајорка ќе ги одмери силите со Реал Сосиедад, повторно на домашен терен. Инаку вечерва Сосиедад извлече реми 1-1 на тешкото гостување кај Валенсија.

Scroll to Top