Top Sport

Синсинати: Кузнецова ја спречи Барти да се врати на врвот на ВТА

Двојната освојувачка на трофеи од гренд-слем турнирите, 34-гдишната руска тенисерка, Светлана Кузнецова го спречи враќањето на Австралијката Ешли Барти на врвот на ВТА листата. Таа предмалку во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати славеше убедлива победа против Австралијката со 2-0 (6-2 и 6-4) за само 66 минути игра.

На почетокот на мечот, Барти поведе со 2-0, по што Кузнецова нанижа 8 гемови, а австралиската тенисерка до крајот на мечот остана без можност за брејк.

Доколку Барти ја победеше Русинката, самиот пласман во финалето ќе и донесеше бодови со кои ќе го преземеше врвот на ВТА листата од Јапонката Наоми Осака кој вчера поради повреда го предаде четвртфиналето против Софија Кенин.

Кузнецова,, која моментно е 153. на ВТА во Синсинати ќе го игра своето 42 финале.

Во тек е другото полуфинале меѓу сонародничките Кенин и Киз. Првиот сет и припадна на Киз со 7-5.

Scroll to Top