Top Sport

Рио Фердинанд до Манчестер Јунајтед: Земете ги Кејн и Санчо!

Легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд го кажа своето мислење за тоа кои две засилувања би биле идеални за „црвените ѓаволи“.

Фердинанд кој работи како телевизиски коментатор во Англија има многу високо мислење за голгетерот на Тотенхем, Хари Кејн.

„Прво засилување за Јунајтед би бил Хари Кејн. Хари е секогаш мирен и сталожен, но неодамна со изјавите `фрли бомба`. Чекаше да направи нешто големо со Тотенхем, но тоа не се случи и фрустриран е. Мислите дека Хари би бил среќен да дава голови, да соборува рекорди, а да не освои ниеден важен трофеј во кариерата? Не. Знам дека Јунајтед ќе се обиде да го доведе затоа што е совршен за тој клуб. Сигурен сум дека истото ќе се обиде да го направат и Јувентус или Реал Мадрид. Ќе бидат големи пари во игра, барем околу 130 милиони фунти“ – нагласи Фердинанд.


Кога се работи за второто евентуално засилување, Фердинанд нема дилема – Џејдон Санчо.

„Џејдон е еден од најдобрите млади играчи во светот. Треба да отиде во екипа во која дополнително ќе напредува, но и да освојува трофеи. Со него освен Јунајтед, се поврзуваат и Челси и ПСЖ, но мислам дека Јунајтед за него е најдобриот избор, затоа што сум пристрасен“ – смета екс-фудбалерот.

Scroll to Top