Македонскиот фудбалски репрезентативец, Езгијан Алиоски попладнево повторно постигна гол за својот Лидс Јунајтед во победата од 3-0 над екипата на Фулам во 39. коло од Чемпионшип.
Со оваа победа, Лидс кој е на врвот на табелата сигурно чекори кон враќање во Премиерлигата. Тимот на Алиоски има 74 бода, 8 повеќе од третопласираниот Брентфорд на 7 кола до крајот. Првите две екипи обезбедуваат директен пласман во елитната конкуренција, додека третопласираниот на табелата игра бараж.
Алиоски во игра влезе во 46 минута, а својот погодок тогаш за 2-0 го постигна по еден контранапад, во 56. Минута.
Другите два гола за Лидс беа дело на Бамфорд и на Харисон.
Еве го погодокот на македонскиот фудбалер:
ALIOSKI 2-0 LEEDS UNITED ! pic.twitter.com/z0wA2au9Ha
— Le Football en VOD IX (@LeFootballenVO7) June 27, 2020