Легендарниот италијански фудбалски тренер, Карло Анчелоти го прифати предизвикот и ја одбра најдобрата екипа (постава) која ја водел во кариерата.
Како искусен стратег, Италијанецот ги водеше Милан, Челси, Јувентус, ПСЖ, Реал Мадрид и Наполи. Моментно е на клупата на премиерлигашот Евертон.
Сигурно не му било лесно да одбере кои 11-мина се најдобрите со кои работел.
Меѓу стативите го постави Џиџи Буфон.
Стоперскиот пар го сочинуваат Џон Тери и Тијаго Силва.
Паоло Малдини е на левата бековска позиција. На десната е Бразилецот Кафу.
Во средината на теренот, во одбраниот состав на „Дон Карло“ се најдоа Пирло, Зидан, Лампард и Кака.
Како напаѓачко дуо – Ибрахимовиќ и Шевченко.