Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски вечерва од 20.45 часот на стадионот „Ернст Хапел“ во Виена ќе испрати на теренот комбиниран состав без капитенот Горан Пандев во претпоследниот меч од квалификациите за ЕУРО 2020.
Соочен со хендикеп од повредени играчи, но и суспендирани поради парни картони, Ангеловски во првата постава ќе им даде можност за деби на младите Марио Младеновски и Тихомир Костадинов.
Првпат по подол период во првиот тим ќе го нема Горан Пандев, кој, според информациите од Виена има температура.
Ова е составот на Македонија кој ќе истрча вечерва во Виена:
Столе Димитриевски, Стефан Ристовски (кај него вечерва ќе е капитенската лента), Дарко Велковски, Марио Младеновски, Кристијан Тошевски, Кире Ристевски, Тихомир Костадинов, Енис Барди, Стефан Спировски, Елиф Елмас и Александар Трајковски.
Фото: ФФМ