Сопственикот на Јувентус, Андреа Аџели стана предводник на идејата да се затвори Лигата на најголемите и најбогатите европски клубови. Првиот човек на „црно-белите“ од Торино рече дека клуб како Аталанта не заслужува да игра во Лигата на шампиони.
„Исклуиво многу го ценам тоа што Аталанта го прави, но без историја на европската сцена, благодарејќи само на една добра сезона, имаа директен пат кон европското натпреварување. Исправно е тоа или не? Тогаш помислувам на Рома која минатите години даде голем допринос во рејтингот на италијанскиот фудбал. Имаа само една лоша сезона и испаднаа од елитата“ – рече Ањели.
Тој на некој начин ја најави идејата за формирање на европска Суперлига.
„Мораме да ги заштитиме нашите инвестиции и трошоците. Има тимови кои ќе ја освојат лигата или купот и автоматски се квалификуваат во европско натпреварување, само на основа на националниот коефициент. Да направиме некој баланс за она што клубот го допринесува на европскиот фудбал и неговите резултати во само една сезона“ – рече Ањели.