Легендарниот француски фудбалер, Тиери Анри (42) се враќа во МЛС лигата, ама сега како тренер.
Ѕвездата на Арсенал, еден од најдобрите голгетери во светот на фудбалот на залезот на кариерата играше 5 сезони во Ред Булс од Њујорк.
Сега станува тренер на канадски Монтреал Импакт, па уште на аеродромот беше пречекан како божество. Додека му скандираа, тој со ѓал на Монстреал околу вратот мирно и трпеливо делеше автограми.
Во самостојната тренерска кариера Анри беше на челото на Монако, но поради лошите резултати таму не се задржа ниту цела сезона.