Преговорите за нов договор на Лео Меси со Управата на Барселона траат долго, но се уште нема потпис, што наведе одредени медиуми да се запрашаат дали Аргентинецот ќе ја продолжи кариерата на „Ноу Камп“.
„Знаејќи ја храброста на Женг, сигурно ќе размисли за тоа. Договорот на Меси истекува во 2021, би било сјајно да дојде, Серија А би живнала, а Интер би имал повеќе надеж“ – рече неодамна поранешниот прв човек на милански Интер, Масимо Морати.
Во аргентинската ТВ станица „ТНТ“ исто така се уверени дека Меси би можел да ја напушти Барса. Тие тврдат и дека преговорите со првиот човек на Интер и аргентинската суперѕвезда почнаа и Женг прави се да го доведе Меси на „Меаца“.
„Лео има понуда и да се врати дома, во матичниот клуб. Сепак, Интер се бидува на сите начини да го доведе, наголемо работат на тоа. На крајот, тоа ќе биде сепак негова одлука“ – пренесува „ТНТ“.
Меси целата кариера е дел од Барселона и со Каталонците освои се што можеше да се освои.