Top Sport

Арон Ремзи летоска доаѓа во Интер без обесштетување?!

Италијанските медиуми објавија информација дека велшкиот фудбалерот во дресот на Арсенал, Арон Ремзи (27) летоска како слободен агент, без обесштетување ќе го засили милански Интер.

Информациите се дека минатава недела челници од Интер биле во Лондон и ги комплетирале деталите од договорот со фудбалерот.

Оваа сезона, Ремзи одигра 15 натпревари за Арсенал во Премиер лигата на кои постигн 1 гол, но имаше и 6 асистенции.

Се шпекулира дека Интер му понудил на фудбалерот четиригодишен договор со околу 6 милиони евра по сезона.
Интерес за Велшанецот покажуваат и Милан, Јувентус, Реал и Баерн.

Scroll to Top